Оваа година Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе биде посфетен на проф. Елисавета Кушовска, каде првата фестивалска вечер на наше големо задоволство ќе се отвори со прваците на ансамблот на Националната опера и балет и учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.
Втората фестивалска вечер, ќе се отвори со балетската секција на Детскиот културен центар – Карпош, а учество ќе земат и балерините при ДМБУЦ „ Илија Николовски Луј“ и Б.С Балерина. Наша е честа, оваа година да имаме гости од Турција и Иран кои ќе се претстават со свои изведби. Учество на фестивалот ќе земе и неповторливиот Анди Исмаили и танцовото студио Мак денс од Куманово.
Дојдетет и бидете дел од двете фестивалски вечери, вечери на танцот.
- Локација
Голема сцена
- Времетраење
минути
- Изведбата е
без пауза